Еднаш да расчистиме: Еве како правилно се изговараат марките на автомобили (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ако не сте многу сигурни како се изговараат имињата на брендовите како што се на пример Lamborghini или Hundai, погледнете го видеото кое ќе ви помогне да ги решите евентуалните дилеми.

Иако љубителите на автомобилите се убедени дека знаат точно да ги изговорат имињата на своите омилени марки, понекогаш непријатно се изненадени кога ќе дознаат дека грешеле во тоа со години.

Шпанскиот автомобилски новинар Жерар Фаре го искористил салонот во Женева со цел од претставниците на автокомпаниите да дознае како правилно се изговараат имињата на марките како што се „Мицубиши“, „Мазда“, „Хјундаи“, „Нисан“, „Пагани“, „Пежо“, „Ситроен“, „Мерцедес-Бенц“, „Сузуки“, „Тојота“, „Фолксваген“, „Кенигсег“, „Ламборџини“ и многу други.

Фаре се потрудил името на секоја автомобилска марка да го изговори лицето од земјата од која потекнува брендот. Слушнете и дознајте дали сте грешеле при изговарањето.