Со една фотка покажа како лесно можете да го прикриете целулитот на сликите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За целулитот се вели дека е еден од најголемите непријатели на жените (а ние ќе додадеме и на мажите – зошто да не). Пасивниот живот, лошата исхрана, недоволното хидрирање на организмот, цигарите, алкохолот, мајката природа – факторите кои влијаат врз појавата на целулитот се многу, особено оној на женскиот задник.

Колку некои жени и да го кријат истиот, го имаме сите, а научниците уште не нашле решение како ефикасно да го решите овој телесен проблем, а тоа да не биде со хируршка интервенција. Вежбањето и здравата исхрана, секако, во голема мера можат да ја намалат таквата појава, но едноставно не можете засекогаш да го отстраните.

Многу жени се срамат од својот телесен изглед токму поради целулитот, а кога на фрустрациите ќе се додадат и големиот број фотошопирани Инстаграм и Фејсбук фотки од убавиците со „совршени тела“, чувството на разочараност е уште поголемо.

Но, Софи Ален, фитнес инструкторка од Сиднеј, со само една единствена фотографија покажа колку всушност е лесно да се сокрие целулитот барем на фотографиите кои сакате да ги споделите со вашите интернет пријатели, а се воздржувате токму поради неговата појава. Со тоа ги воодушеви илјадниците обожаватели и доби исто толку нови.

A post shared by Sophie Allen (@sophactivelife) on

„Сакам на сите да им ја покажам вистината за совршените женски тела и дека всушност сите имаме целулит. Тој се појавува кога ќе го стегнам задникот, а исчезнува кога малку ќе ги исфрлам своите колкови. Затоа, немојте да се нервирате, ако мислите дека само вие имате целулит, а сите други жени немаат. Нашето тело мораме да го прифатиме и да си го сакаме, како и да работиме секојдневно на тоа да бидеме што поздрави и во подобра форма“, заклучува Софи.

A post shared by Sophie Allen (@sophactivelife) on

Апсолутно се согласуваме и се потпишуваме под овој апел на Софи и ви препорачуваме да го прифатите и вие.

A post shared by Sophie Allen (@sophactivelife) on