Home Актуелно Еден од патниците од кобниот автобус се спасил бидејќи се возел во погрешен автобус

Еден од патниците од кобниот автобус се спасил бидејќи се возел во погрешен автобус

Патник од Македонија имал голема среќа бидејќи успеал да се спаси од изгорениот автобус на „Беса Транс“ и да ја избегне трагедијата, откако се качил во погрешен автобус.

Ова го информираше неговиот татко, за ТВ Сител, како што вели, во целата несреќна трагедија, неговиот син го следела среќа.

-Во целата несреќа за мене излезе голема среќа. Дали така судбината сакала не знам. Во кобниот автобус требаше да биде и мојот син, кој беше дел од групата. Дошло до грешка со багажите, па наместо во тој автобус, багажот бил префрлен од хотелските служби во друг автобус. Кога се качил син ми, се пожалил дека му се префрлени работите во погрешен автобус. Му рекле дека има место во првиот и да се качи во тој каде што му е багажот. Така се качил и за мене е тоа голема среќа, ако може да се каже така, изјави таткото на Џафер Долек за ТВ Сител.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…