Вебкафе

Двоглав делфин: Вакво нешто се гледа еднаш на милијарда години! (Фото)

Холандски рибари уловиле двоглав делфин , кое за жал не го преживеало извлекувањето од водата.

Рибарите го фрлиле животното назад во океанот, бидејќи сметале дека е нелегелно да го задржат, но преходно направиле неколку фотографии.

Истражувачите на кои им биле предадени фотографиите, биле изненадени затоа што го виделе првиот случај на сијамски близнаци кај делфините. Тие велат дека дури и „обичните“ близнаци се многу ретки кај делфините, бидејќи во утробата на женката претежно нема место за два плода.

Според големината на уловот, истражувачите процениле дека кутрото двоглаво животно веројатно било способно за пливање, но дека секако не би поживеало долго време.

Научникот Ервин Компање вели дека шансите да се улови еден ваков примерок се „еден во милијарда“.

To Top