Двете нешта кои Георгина му има забрането на Роналдо да ги прави дома


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристиано Роналдо веќе долго време е заедно со Георгина Родригез, а двајцата имаат и едно заедничко дете, а Роналдо има и уште три деца за кои Георгина вели дека идентично се грижи.

Сега Георгина имаше интервју за „Спортсвик“ во кое зборуваше и на некои приватни теми од нивниот дом. Според нејзините зборови на Роналдо му забранила да се меша во кујната и да менува сијалици во домот.

„Кристиано е најдобриот сопатник за животот за кој можев да сонувам. Но, има забрана да биде во кујната. Воопшто не знае да тови. После напорните тренинзи и натпревари заслжува добар оброк. Имаме готвач во домот, но некогаш и јас му правам јадење уживам во тоа. Тој не смее да се меша додека го приготвувам.“.

„Освен тоа тој не смее да менува и сијалици. Таваните на куќата ни се високи шест метри и подобро да не се обидува да прави такво нешто. Мора да внимава и се чува за она што е најдобар“, изјави Георгина.