Партијата ќе се преименува: Социјалдемократи од Северна Македонија е можно ново име за СДСМ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонскиот премиер Зоран Заев најави дека, согласно одредбите од Преспанскиот договор со Грција кој налага сите оние што се финансираат од државата да го користат новото име, наскоро и неговата партија СДСМ ќе го смени името.

Тоа досега, рече лидерот на социјалдемократите, не е направено бидејќи името на партија може да се смени само на конгрес.

Според неговите најави, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија би можел да се преименува во Социјалдемократи од Северна Македонија, со што би се задржала кратенката СДСМ.

„На следните конгреси. Ние тоа не можеме да го направиме на Извршен или Централен одбор, тоа го прави конгресот на партијата. Откако се случија уставните промени, сме одржале само еден конгрес, и тоа онлајн. Верувам дека во периодот пред нас ќе постапиме согласно Преспанскиот договор и во СДСМ. Дури дадовме информација во делот на новото име СДСМ – Социјалдемократи од Северна Македонија. Има и други идеи, ние отворено и транспарентно ја отворивме дебата заради тоа што апелираме до сите да постапуваат согласно Уставот и законите и ние секако треба да бидеме пример за тоа“,

изјави Заев.