Home Актуелно Две лица загинаа во сообраќајка на патот Кочани – Делчево

Две лица загинаа во сообраќајка на патот Кочани – Делчево

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на патот Кочани-Делчево, пред влезот на Делчево, кај селото Басарица.

На самото место на несреќата загинал С.Ј. (70) од Делчево, а 61-годишната Д.А., исто така, од Делчево, починала во болница.

Во несреќата уште две лица се здобиле со тешки повреди. Тие се пренесени во Клиничката болница Штип и се задржани на лекување.

Според првичните информации, несреќата ја предизвикало возило кое со голема брзина се приклучило од спореден на главен пат.

Полицијата повеќе детали за сообраќајката најави за во текот на денот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…