Home Актуелно Двајца повредени и еден починат во пожар во село Локвица

Двајца повредени и еден починат во пожар во село Локвица

Татко починал, а двајцата негови синови се повредени, но се надвор од животна опасност во пожарот што синоќа околу 22 часот избувнал во семејна куќа во село Локвица, Македонски Брод.

Како што информира МВР, пожарот во куќата во сопственост на С.С. (78) избувнал од засега непознати причини. Од последиците од пожарот починал сопственикот С.С., додека неговите синови Л.С. (50) и Т.С. (48) се здобиле со изгореници и биле пренесени во Медицински центар Прилеп и се наоѓаат надвор од животна опасност.

Куќата била целосно опожарена, а на местото интервенирала Територијалната противпожарна единица Македонски Брод.

Според најавите од полицијата, увид ќе се врши во текот на денов.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…