Home Актуелно Двајца полицајци вон службена должност претепани во скопска Шутка

Двајца полицајци вон службена должност претепани во скопска Шутка

Во инцидент кој синоќа се случил во скопската населба Шуто Оризари, од страна на поголема група граѓани биле претепани двајца полициски службеници кои во тој период не биле на службена должност. Едниот од нив е во животна опасност.

Полицајците, кои не биле на должност, со приватен автомобил биле во населбата Шуто Оризари. Дел oд присутните граѓани мислеле дека тие се киднапери и почнале тепачка, бидејќи претходно, во истата населба било пријавено дека непознати луѓе, насилно внеле во автомобил женско лице. Тоа во МВР го пријавил, возрасен маж, а истото му го кажала малолетничка, која посочила дека била сведок на настанот. По ова – се собрала поголема група граѓани и во тој момент наишло возило во кое имало три лица, од кои двајца полициски службеници од полициската станица Чаир, кои не биле на работа.

Насобраните ги нападнале лицата кои биле во возилото и тие се пренесени во болница за укажување на лекарска помош. Од МВР информираат дека до овој момент нема пријава за исчезната девојка од ниту едно семејство и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…