Home Спорт Два од два за Македонија на подготовките во Белград

Два од два за Македонија на подготовките во Белград

Македонската ракометна репрезентација со победа ќе патува на Европското првенство во Хрватска, откако вечерва во салата на Бањица во Белград, ја победи домашната Србија со 29-32 (13-14).

Репрезентативците имаа одличен ден и одличен натпревар така што Раул Гонзалес може да биде задоволен од нападот каде имаше над 30 гола, а може да биде и од одбраната каде што можеше да провери поголем број на ракометари и да види на кои играчи може да смета за шампионатот.

Од она што можеше да се забележи, напредокот во играта е очигледен, а силна репрезентација како Србија да се победи на гостински терен во никој случај не е мала работа. Сепак, за очекување е уште подобро издание на нашите избраници за осум дена, кога почнуваат вистинските предизвици, дуелите со Словенија, Црна Гора и Германија во групата Ц од Европското Првенство, пишува Спортски.мк.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…