Home Вебкафе Дубаи ја има најголемата зграда изградена со 3D печатач

Дубаи ја има најголемата зграда изградена со 3D печатач

Компанијата „Апис Кор” се пофали дека изработиле конструкција од 9,5 метри висина и површина од 640 квадратни метри, тврдејќи дека оваа градба е најголемата направена со 3D печатарска технологија.

„Апис Кор” развил материјал на база на гипс кој минува низ посебен 3D печатач, а кој го изработува локална компанија за производство и складирање на градежен материјал.

Печатењето се одвивало на отворено, за да се докаже дека оваа технологија може да поднесе тешко окружување без контрола на влажноста и температурата, пишува Dizen.

Машината за 3D печатење на „Aпис Кор” е преместена од просториите на компанијата на местото за изградба за да може да се прават различни делови од објектот. Зградата е поставена на конвенционални темели, а печатот е засилен со бетон и арматура.

Исто така, за подовите се користени плочи кои се претходно испечатени, а конвенциоалните прозорци и кровови биле додадени кога биле кренати ѕидовите.

„Проектот ни пружи единствено знаење и непроценливо искуство кое ќе ни помогне во подобрување на нашата технологија и развојот на нови верзии на нашиот 3D печатач. Овој проект е огромен исчекор во индустријата на 3D печатењето”, рекол Никита Чениутаи, извршен директор и основач на компанијата.

Оваа компанија планира во 2020-та година да ја употреби својата машина за изградба на посебни куќишта во американските сојузни држави Флорида, Луизијана и Калифорнија. Компанијата исто така дизајнирала и куќи за на Марс, за потребите на НАСА.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Дали знаете колку години ви краде екранот? Одговорот не е за луѓе со слабо срце!

ДАЛИ ЗНАЕТЕ КОЛКУ ГОДИНИ ВИ „ЈАДЕ“ ЕКРАНОТ? НЕ Е ЗА ОНИЕ СО СЛАБО СРЦЕ Замислете некој да …