Apple тајно развива сателитска технологија за пренос на податоци


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Технолошкиот гигатн Apple има таен тим кој развива сателитска технологија која ќе им служи за пренос на интернет директно на уредите, избегнувајќи ги безжичните мрежи, пренесува „Блумберг“.

Како што наведува овој медиум, Епл има десетина инженери од области како воздухопловство, сателитски и антенски дизајн кои работат на проектот со цел да во рок од пет години бидат применети нивните резултати. Работата е се уште во развој и јасен правец за употреба на сателитите се уште не е дефиниран.

Интересот за комуникациските сателити и безжична технологија од новата генерација значи дека целта на оваа компанија е веројатно да се овозможи пренос на податоците на корисничките уреди или поврзување на уредите и без традиционалните безжични мрежи. Епл би можел да ги користи сателитите за прецизно следење на локацијата на своите уреди, овозможувајќи подобрени мапи и нови функции.

Не е јасно дали Епл има намера самостојно да ги развива сателитите.

Последните месеци Епл започна да ангажира нови експерти за софтвер и хардвер за овој тим, барајќи инженери со искуство во дизајнирање на компоненти за комуникациска опрема. Компанијата исто така вработила додатни раководни кадри од областа на воздухопловството и безжичната испорака на податоци.

Инаку Епл значително го зголемува буџетот за истражување и развој, трошејќи 16 милијарди долари во 2019 година, односно 14% повеќе во однос на претходната година.

Една од главните цели на компанијата е самостојно да произведе колку е можно повеќе од технологијата која ја користи, па и работата на развивање сателити можеби е дел од овој концепт.