„Дрвото на смртта“ кое раѓа „смртоносни јаболка“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Никола Срикленд, по професија радиолог, за нејзиниот годишен одмор заминала на карипскиот остров Тобаго, тропски рај богат со идилични песочни плажи и фантастична егзотична природа.

Првото утро од престојот таму, таа барала школки и корали во белиот песок, но наскоро нејзиниот одмор се претворил во пекол.

Шетајќи меѓу кокосите и манговите на плажа, Срикленд и нејзината пријателка наишле на миризливо зелено овошје слично на диви јаболка.

И двете непромислено решиле да го гризнат овошјето. По еден момент уживање во слаткиот вкус, нивните грла почнале да горат и наскоро тие едвај можеле да голтаат.

Плодот за кој станува збор расте на дрво од семејството Hippomane mancinella, што се нарекува „смртоносно јаболко“ или „отровна гуава“. Расте во тропските региони во јужните делови на Северна Америка, како и во централна Америка, Карибите и северните делови на Јужна Америка, пренесува Science Alert.

Дрвото на шпански е наречено „arbol de la muerte”, што буквално значи „дрво на смртта”. Според Гинисовата книга на рекорди, ова дрво е всушност најопасното дрво на светот.

Како што објасни Институтот за храна и земјоделски науки во Флорида, сите негови делови се екстремно токсични и „интеракцијата со кој било дел од ова дрво или голтањето може да биде смртоносно“.

Отровот на ова дрво е толку силен што не се препорачува ниту да се застане под него за време на дожд: органското соединение форол, дури и разредено со дождовница, може да предизвика сериозни изгореници.

Со оглед на тоа колку се токсични, некои дрвја се означени со црвени крстови или јасни предупредувачки знаци, така што оние што не се свесни за неверојатните својства на ова дрво, нема да се приближат до растението.

Сепак дрвото не се уништува затоа што е многу важно за локалните екосистеми во кои живее и се смета за едно од главните во линија на одбрана од ерозија на плажите на Централна Америка.

До денес се забележани многубројни повреди на очите, привремено слепило, воспаление поради вдишување на дел од растението, како и смртни случаи.

Карибските столари, со векови го користат ова дрво, затоа што можеле да ја откријат тајната за отстранување на отровот со сушење на дрвото на сонце.

„Вистинската смртна закана доаѓа ако го изедете неговиот плод“, пишува Ела Дејвис за БиБиСи. „Ова овошје може да се покаже како фатално затоа што предизвикува повраќање и тешка дијареја што го дехидрира телото до моментот кога нема враќање“.

За среќа, Никола Стрикленд и нејзината пријателка не умреле откако го вкусиле овошјето затоа што каснале многу мали парчиња .