Home Спорт Дрекслер откри каде ќе ја продолжи кариерата

Дрекслер откри каде ќе ја продолжи кариерата

Јулијан Дрекслер ќе биде една од најжешките трансфер теми оваа зима, откако стана јасно дека сигурно ќе го напушти Волфсбург.

Германскиот репрезентативец минатото лето беше мета на многу великани, но Волфсбург одлучи да го задржи во своите редови по секоја цена.

Арсенал и Јувентус беа фаворити за негово доведување минатото лето, но сега работите се променија па ПСЖ е во пол позиција зе неговиот потпис.

Имено, медиумите тврдат дека Дрекслер наводно му се доверил на својот сонародник и голман на ПСЖ, Кевин Трап дека сака да се пресели во Париз.

Германските медиуми тврдат дека трансферот ќе се реализира на почетокот од следниот месец за сума од 35 милиони евра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…