Драстична промена на Марк Валберг – се здебели 9 килограми за само 3 недели


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Холивудскиот актер Марк Валберг направи радикална промена во својот изглед за потребите на актуелната филмска улога која ја има како ангажман. Тој се зделбеи девет килограми за само три недели.

Актерот сподели фотографија на Инстаграм како споредба на тоа како изгледал пред три недели и како изгледа сега.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mark Wahlberg (@markwahlberg)

„Инспириран сум да бидам подобар. Накачувам уште девет килограми. Да, тоа е за улога”, напиша Валберг во една од последните објави на социјалните мрежи.

Се чини дека неговата сопруга нема проблем со тоа што се здебелил.

„Изгледаш исто толку добро во живо“, напишала неговата сопруга Реа Дурам под фотографијата.

Марк се подготвува за улога во новиот филм Father Stu. Фановите биле загрижени за неговото ненадејно зголемување на телесната тежина, но тој им објасни дека сè прави на здрав начин.