Home Актуелно Филипче најавува дополнително намалување на рестриктивните мерки ако се задржи трендот на стивнување на пандемијата

Филипче најавува дополнително намалување на рестриктивните мерки ако се задржи трендот на стивнување на пандемијата

Министерот за здравство, Венко Филипче, тврди дека одлуката за намалување на рестрикциите воопшто не е политичка.

„Претходно телефонски се консултирав со членовите на Комисијата на заразни болести, кои се согласија за намалување на мерките. Во текот на следните денови, односно од почетокот на следната недела, доколку трендовите продолжат во оваа насока, ќе следат и дополнителни попуштања на рестрикциите“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Тој денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на последната одлука за олабавување на мерките посочи дека Комисијата за заразни болести немала официјален состанок поради празникот, но оти имал телефонска консултација со претседателот на Комисијата и со дел од членовите, при што разговарал за попуштање на мерките.

„Во однос на последната одлука, со оглед на тоа што состанокот на Главниот координативен кризен штаб се одржа во понеделникот, јас имав телефонска, консултација со претседателот на Комисијата, и со дел од членовите со кои што разговаравме за предлог попуштање на рестриктивни мерки, притоа разговаравме и за сегашната епидемиолошка ситуација и состојбата во болниците односно дали има можност да се попуштат рестрикциите“, додаде Филипче.

Рече дека сите членови се согласиле да има олабавување на мерките заради тоа што епидемиолошката ситуација тоа го дозволува.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…