Драми во ОЈО: Боки 13 не дал исказ, колабирал и заврши во болница


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Откако со полициско обезбедување беше префрлен од притворското одделение во Шутка до Обвинителството за организиран криминал и корупција за да даде исказ пред обвинителката Русковска, Бојан Јовановски итно беше однесен во болница, откако му се слошило и колабирал кога требаше да го даде споменатиот исказ за „Рекет“.

Јовановски со возило на Брза помош беше однесен во болница, откако му се слошило кога од притвор беше доведен да даде исказ во Обвинителството за организиран криминал. Тој е првоосомничен во случајот Рекет. Неговиот адвокат претходно бараше пуштање од притвор поради влошена здравствена состојба, но Апелациониот суд пред неколку дена не му го уважи барањето.

Јовановски денеска требаше да даде исказ пред Обвинителството, но адвокатот Сашко Дукоски рече дека не бил во состојба зашто цело време повраќал. Екипата на Брзата помош половина час му укажуваше лекарска помош во Обвинителството, а потоа со носилки го внесоа во возилото и го однесоа во болница.

Дукоски потврди дека неговиот клиент е итно хоспитализиран. Тој рече дека Боки 13 во тоалетот во Обвинителството почнал да повраќа, му се слошило и се онесвестил.