Дождлив Осми март


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Како што претходно веќе беше споменато, оваа среда, 8 март, ќе биде најврнежливиот ден неделава. Врнежите утринава се позастапени и локално поинтензивни во источниот крај, додека моментално најмирна е состојбата во југозападниот регион.

Цилконот кој е генератор на овој бран врнежи денеска ќе ни носи серии на врнежи кои локално ќе бидат со слаб пороен карактер. Во текот на попладнето врнежите ќе бидат поинтензивни и позастапени во западната половина од земјата.

Приквечер врнежите постепено ќе слабеат и ќе престануваат. Во ноќта кон четврток врнежите се уште ќе ги има во северозападниот крај, но со тенденција на слабеење.

На планините висинската граница на врнежите од снег ќе се спушти до околу 1200 метри, со тоа што од  висина над 1500 метри врнежите ќе бидат само од снег, а помеѓу 1200 и 1500 мешани од дожд и снег.
Температурата ќе има максимална вредност  во дијапазонот од 9 до 13 степени. Постудено ќе биде на повисоките места, каде максималната нема да надмине 5 степени.

Скопскиот крај очекува облачно време со повремен дожд во текот на речиси целиот ден. Повремено, во куси серии, се очекува поинтензивен дожд. Навечер врнежите ќе престануваат.Температурата ќе има  максимална вредност до 11 степени.