Home Актуелно Дожд, снег и студено време

Дожд, снег и студено време

Денешниот декемвриски вторник во Македонија носи облачно и постудено време со врнежи од дожд, а на планините и повисоките места од снег каде ќе се формира нова снежна покривка. Услови за слаб снег ќе има и на некои пониски места во северните и источните делови. Ќе дува засилен северен ветер.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 5 Целзиусови степени, Маврово -2, Охрид 6, Битола 5, Крива Паланка 2, Берово 6, Кавадарци 7, Дојран 8.

Утре наутро ќе биде студено, а преку денот претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Дневните температури ќе се движат од 1 до 10 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…