Доцната вечера е многу поопасна отколку што мислите?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Не само што полесно ќе заспиете ако стомакот не ви е полн, јадењето на вечера пред 21 часот го намалува ризикот од заболување од рак на дојката и простата.

Луѓето кои вечераат најмалку два часа пред спиење со тоа го намалуваат ризикот од заболување од овие два вида рак, покажа студијата во која учествуваа повеќе од 4000 луѓе.

Екепертите веруваат дека конзумацијата на храна во доцните вечерни часови предизвикува воспаление во телото и влијае на нивото на шеќерот во крвта, а се тоа се поврзува со канцерот.

Еволуциски, луѓето се програмирани така да јадат во текот на денот и да ја сварат храната пред да легнат на спиење. Но, модерниот начин на живот, тоа што луѓето неретко работат до доцна во ноќта, потполно ги промени навиките во исхраната.

Истражувањето спроведено во Барселона покажа дека конзумирање на вечера пред 21 часот во споредба со она по 22 часот, го намалува ризикот од канцер на простата кај мажите и ракот на дојката кај жените, во просек, 18%.

Со вечера најмалку два часа пред спиење, во споредба со тоа набрзо по вечерата да легнете во кревет, го намалувате ризикот од заболување од обете врсти на рак за 20%.

„Луѓето веќе знае дека ако доцна јадат и веднаш потоа одат во кревет нема да ја сварат храната и нема да можат убаво да се наспијат. Не ни треба студија да ни каже, но ова истражување покажа дека времето за вечера има и долгорочни ефекти на развојот на ракот на дојката или простата“, истакна водечкиот автор на истражувањето др. Манолис Когевинас.

Постојат докази дека луѓето чие спиење е нарушено со смените на работа до доцна навечер се изложени на поголем ризик од рак на простата или рак на дојката. Сега експертите веруваат дека и другите дневни обрасци и навики, како оброк, можат да ги пореметат природните телесни функции.

Шпанските експерти испитаа повеќе од 1800 луѓе заболени од рак на простата или дојката и повеќе од 2000 здрави луѓе за време кои ги јадат свои оброци и за навиките во спиењето.

Резултатите покажаа дека тие кои вечераат пред 21 часот, во споредба со оние кои јадат по 22 часот, имаат 25% помал ризик од оболување на канцерот и 15% помал ризик од заболување на ракот на дојката.