Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во Македонија досега се потврдени 10 случаи со делта-сојот на коронавирусот или познат и како индиски сој.
Еден од нив е во тешка здравствена состојба и се лекува во болница останатите тројца се со полесна клиничка слика. Ниту еден од потврдените позитивни со делта сојот не биле вакцинирани и биле на пат во странство. Според министерот Филипче станува збор за два брачни пара, кои немале премногу контакти и затоа според него, ситуацијата во земјава е мирна и засега нема потреба од нови рестрикции. Но до крајот на неделава комисијата за заразни болести ќе разгледува можни мерки за граничните премини.
Во Македонија десет случаи се потврдени дека се со делта или индискиот сој. За академик Александар Димовски од МАНУ каде се испитуват соевите вели дека е рано да се каже дали делта сојот ќе стане доминатен, во моментов нема нови брисеви за испитување. За него единствена виза против било кој сој е вакцинацијата, без разлика дали е попренослив или не.
Од понеделник освен што секој може да замине на вакцина без претходна најава, министерот најави дека со „Фајзер“ ќе може да се вакцинираат и децата од 12 до 18 годишна возраст без претходна најава. Досега во Македонија не е вакцинирано ниту едно дете до 18 години. Според искуствата „Фајзер“ е одобрена и за деца и млади.
Министерството за здравство објави дека вчера имало висока бројка на вакцинирани лица, 14 илјади, а министерот најави нови вакцини АстраЗенека од Грција, а засега нема потврда за вакцините Спутник V.