ДОДЕКА СВЕТОТ ЧИТА ПОРТАЛИ: Владата со пари на граѓаните ќе ги субвенционира весниците!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Владата за следната година, во најголемиот буџет досега во историјата на Македонија предвидела субвенции од 50 милиони денари или околу 810.000 евра за поддршка на печатените медиуми. Додека цел свет се информира на веб порталите, што е пракса и во Македонија, нашата влада реши да ги помага весниците, кои реално имаат се помал број на читатели.

Предвидените средства ќе се доделат на печатените медиуми, кои се издаваат на македонски јазик во висина од 50 отсто од направените трошоци за печатење и 50 отсто за направените трошоци за дистрибуција. За медиумите кои се издаваат на јазиците на етничките заедници ќе се доделуваат средства во износ не помал од 50 отсто и не поголем од 70 отсто за направените трошоци за печатење и за дистрибуција.

Субвенциите ќе им се доделуваат на печатените медиуми од општ информативен карактер, коишто објавуваат содржини насочени кон непрекинато информирање на јавноста за тековните политички, економски, социјални и културолошки прашања. Медиумите што ќе добијат владини пари ќе треба да ги имаат подмирено сите обврски кон државата и кон вработените.

Во процесот на договарање учествувала Асоцијацијата на печатени медиуми, а ЗНМ дало свои предлози.

Инаку, сегашната власт додека беше во опозиција ја критикуваше тогашната пракса да се даваат државни пари во медиумите, тврдејќи дека така се придобиваат медиумите и истите се корумпираат, за тие пристрасно да известуваат.