Добри вести од Британија за вакцина против коронавирусот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вакцината против коронавирусот развиена од универзитетот во Оксфорд е безбедна и може да го активира имунолошкиот систем, покажаа прелиминиарните резултати од клиничкото истражување, објави „Би-Би-Си.“

Тестовите во кои беа опфатени околу 1.077 луѓе покажаа дека по примањето на инјекцијата се создале антитела и бели крвни клетки што можат да се борат со коронавирусот.

Изработена е од вирус создаден со генетски инженеринг што предизвикува обична настинка кај шимпанзата. Според истражувањето, т-клетките, кои се вид на бели крвни клетки кои помагаат во координирањето на имунолошкиот систем се способни да откријат кои клетка од телото се инфицирани и да ги уништи.

Нивоата на овие клетки се покачиле по 14 дена по вакцинацијата, а нивото на антитела го достигнало врвот по 28 дена. Околу 70 проценти од тестираните развиле треска или главоболка, но без други несакани ефекти. Британија веќе нарача 100 милиони дози од вакцината. Наодите се многу надежни, но се уште е рано да се знае дали тоа е доволно за да се обезбеди заштита, наведува „Би-Би-Си.