Home Актуелно Сончев и топол вторник

Сончев и топол вторник

Денешниот јулски ден во Македонија носи сончево и топло време, со мала локална облачност и со слаб до умерен претежно северен ветер. УВ индексот ќе биде 9, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 9 до 20 степени, а дневната од 24 до 35 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала облачност и утринска температура до 15 степени, а дневна до 32 степени. Маврово 24, Охрид 28, Битола 32, Крива Паланка 29, Берово 28, Кавадарци 34, Дојрадн 35.

И утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. УВ индексот ќе биде 9, а максималните дневни температури ќе се движат од 26 до 37 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…