„Доаѓаме!“: Од платеничката формација „Вагнер“ најавија одмазда за наводната смрт на Пригожин


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако беше потврдено дека шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, се наоѓа на списокот на патници на авионот што се урна во близина на Москва, во кој загинаа сите патници, на социјалните мрежи се огласија членовите на неговата група.

Во видеото што се појави на социјалните мрежи тие најавуваат одмазда за смртта на Пригожин.

„Многумина зборуваат за тоа што ќе направи Вагнер во оваа ситуација. Ќе кажеме само едно – се движиме. Очекувајте нè“, истакнуваат во видеото.

Росавијација ги објави имињата на лицата кои се наоѓале во приватниот авион Ембраер Легаси кој се урна во близина на Твер.

Меѓу патниците се следниве имиња: Евгениј Пригожин, Сергеј Пропустин, Евгениј Макаријан, Александар Тотмин, Валери Чекалов, Дмитриј Уткин, Николај Матусеев, пренесе Известија.

Членовите на екипажот се командантот Алексеј Левшин, копилотот Рустам Каримов и стјуардесата Кристина Распопова.