Доаѓа сезона на алергии: Совети како да ги преживеете алергиските реакции


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Многу луѓе страдаат од некој облик на алергија. Постојат разни лекови кои можат да ги намалат симптомите, но има и луѓе на кои лековите едноставно не им помагаат.

Во тие ситуации треба да се следат овие практични совети кои ќе помогнат да се намалат симптомите како кивање, кашлање и други.
Еве кои се тие совети:

1. Пресоблечете се

Прва работа која треба да ја направите кога ќе влезете дома е да се пресоблечете. Соблечета ја облеката пто сте ја носеле надвор цел ден и на која сигурно се собрал полен.

2. Истуширајте се

Со туширање и миење на косата секако ќе го отстраните поленот кој се собрал во текот на денот.

3. Користете марамчиња и физиолошки раствор

Само туширање можеби нема да биде доволно. Користете физиолошки раствор за да ги измиете очите и носот пред спиење. Ставете на марамче малку физиолошки раствор и истријте ги очите и носот.

4. Уред за прочистување на воздухот

Ваков уред може да го намали количеството на алергенси кои се наоѓаат во вашата куќа.

5. Одржувајте ја хидратацијата

Водете сметка да пиете доволно течности за да ја одржите хидратацијата во текот на сезоната на алергии. Истражувањата покажале дека кога сте дехидрирани, вашето тело произведува поголемо количество на хистамин, што поттикнува алергии.

6. Витамини и суплементи

Постојат повеќе докази за тоа дека витамините и минералите можат да имаат влијание на алергиите. Витаминот Д и Омега 3 во рибното масло можат да бидат од голема помош.

7. Искапете го вашето куче

Најдобриот пријател на човекот воедно може да биде негов најголем непријател, бидејќи го разнесува поленот по целата куќа.

8. Користете вазелин

Околу носот можете да намачкате тенок слој на вазелин за да се одбие поленот и на тој начин да се спречат иритациите.