До неодамна важеа за „старечки дом“, денес го имаат најмладиот тим во Италија!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Италијанскиот гигант Милан за помалку од 10 години го помина патот од европска елита до средината на табелата во Серија А.

Во 2007 година тимот предводен од Малдини, Неста, Сидорф, Пирло, Инзаги ја освои ЛШ. После тоа следеше константен пад кој кулминираше со последните три сезони кои „росонерите“ ги завршија на осмото, десетото и седмото место.

Оваа сезона Милан конечно се искачи на врвот на табелата, иако никој не го очекуваше тоа од тимот. Клубот се сврте кон прозиводство на сопствени играчи, значително го подмлади тимот, па тоа оваа сезона почна да дава резултати.

Интересно е тоа дека Милан не така одамна беше синоним за „старечки дом“. Тимот кој во 2007 година ја освои ЛШ имаше просек од 31,7 години, а Малдини со 38 години стана најстариот фудбалер во историјата кој играл финале.

Само за споредба, денешните две најголеми ѕвезди на Милан, Џанлуиџи Донарума и Мануел Локатели заедно имаат 35 години.

Минатата сезона под водство на Михајловиќ „росонерите“ значително се подмладија, а оваа сезона Монтела само ја продолжи таа фолозофија. Па така сега Милан го има најмладиот тим во лигата, а на последниот меч против Емполи средната возраст на стартниот тим беше 23.1 години, што е најмладиот тим изведен во Серија А уште од далечната 1985 година.

„Росонерите“ оваа сезона остваруваат одлични резултати и се втори на табелата со ист број бодови како Рома, но она што повеќе ги радува навивачите е огромниот потенцијал кој го има овој тим

Покрај Донарума (17) и Локатели (18) тука се уште Алесио Ромањоли кој има само 21 година, а важи за еден од најдобрите дефанзивци во лигата. Потоа Мбаје Нинаг (21) и Сусо (22) кој оваа сезона блесна и во 13 натпревари запиша 5 гола и 6 асистенции, како и Давиде Калабрија која има само 18 години и игра на десната бековска позиција.

Младите таленти на Милан потпомогнати од поискусните Де Шиљо, Бонавентура, Бертолачи, Лападула, кои се исто така млади, оваа сезона најавија враќање во елитата.