Home Актуелно ДИЖС алармира: Високата цена на струјата ќе ги затвори пречистителните станици, фекалиите ќе одат директно во реките

ДИЖС алармира: Високата цена на струјата ќе ги затвори пречистителните станици, фекалиите ќе одат директно во реките

Институциите кои ги раководат пречистителните станици во Македонија се соочуваат со неможност да ги платат високите сметки за електрична енергија. Тие институции најавуваат дека нема да бидат во можност да ја прочистуваат отпадната вода, изјави Сретен Стојковски, директорот на Државниот инспекторат за животна средина.

Тој вели дека ако порано сметките за електрична енергија им била милион денари, сега тие се и осумкратно зголеми.

„Пречистителните станици се актуелни деновиве поради виоските сметки за струја кои им доаѓаат. Одговорните лица на пречистителните станици во градовите каде што ги има, најавуваат дека нема да бидат во можност да ја прочистуваат отпадната вода. За тоа разговарав со раководителот во Управата за животна средина и отпадни води за да направат една информација до Владата“, алармираше Стојковски.

Тој предупреди и на тоа дека есенва голем дел од фабрикике наместо гас ќе користат мазут и други нееколошки горива. Енергетската криза ќе предизвика и зголемено загадување на воздухот, велат од Државниот инспекторат.

 

Load More Related Articles
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

КПХФВ: Уличниот стил во Копенхаген ја обликуваше и обои радоста

Вистина е дека, со целиот хип околу Париската недела на висока мода, Копенхаген можеби ост…