Директорот на Nissan уапсен поради незаконски финансиски дејствија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Директорот на јапонскиот производител на автомобили Nissan Motor, Карлос Госн, беше уапсен откако интерната истрага во компанијата покажа дека тој прикажувал помал доход од вистинскиот и преземал други незаконски дејства.

Госн, кој ја врши должноста претседател на партнерството меѓу Nissan, Renault и Mitsubishi Motors, е уапсен под сомнение за кршење на финансискиот закон, објавија јапонските медиуми.

Поради ваквите информации, цените на акциите на партнерот на Нисан и главен акционер, Renault, каде што Госн ја врши функцијата претседател на управата извршен директор, утрово забележаа голем пад. На берзата Еуронекст само претпладнево акциите ослабеа за повеќе од 12 отсто.

Од Nissan соопштуваат дека Госн и директорот Грег Кели во извештаите поднесени до берзата во Токио искажувале помали износи на бонусите и додатоците на плата од вистинските, за да се намали објавениот износ на надоместоците што ги прима Карлос Госн.

Понатаму од компанијата додаваат дека се откриени и редица други крупни незаконски дејства на Госн, како користење пари на компанијата за лични потреби, а потврдена е и значителна вмешаност на Грег Кели.

Во Nissan со месеци водеа интерна истрага откако од свиркачи добија дојава за неправилности.