Помор на неколку тони плашица во каналот Студеничишта


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според проценките на локалните жители, во каналот Студеничишта во Охрид се има случен помор на плашица кој се мери во неколку тони мртва риба и во околината на каналот се шири неподнослива реа, пренесува Макфакс.

Трајче Талевски од Хидробиолошкиот инстит во Охрид вели дека нискиот водостој на Охридското Езеро и големата количина риба се причината за оваа појава. Моментно, жители на Охрид ги вадат рибите од каналот.

„Концесионерот не ја ловеше плашицата во имзинатите 5-6 години иако му беше дозволено. Има многу плашица. Во овој период од годината таа се групира во одредени региони во езерото, каде што ја поминува зимната. Каналот Студенчишта е еден од тие делови каде што влезе голема количина. Нивото на езерото е ниско за да ја издржи рибата да опстане тука. Пред извесно време од локалната самоуправа испратија апел за да се преземат некакви чекори“, вели Талевски.

Од летово Охридското Езеро нема концесионер, а за водостојот на езерото е задолжено ЕЛЕМ.