Директорите на Јуве на пат за Мадрид, Роналдо во сабота во Торино


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Трансферот на Кристиано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус е „најжешка“ тема во моментов, па сите медиуми постојано ги ажурираат информациите за како што го нарекуваат „трансферот на векот“.

Синоќа претседателот Перез имаше состанок со агентот Жорге Мендеш, на кој застапникот на Роналдо само ја потврдил желбата дека сака да ја промени средината и дека веќе има договор со Јувентус.

Наводно Перез нема да му стои на патот и побарал денес лично да зборува со Роналдо, а медиумите пренесуваат дека тоа ќе биде состанок на кој ќе се договара како медиумски пред навивачите да се прикаже трансферот.

Роналдо е лут на раководството, а познатата шпанска телевизија „ El Chiringuito“ пренесе дека побарал оваа „војна“ да престане и двете страни да се разделат на најдобар можен начин.

Италијанските медиуми пак пренесуваат дека директорите на Јувентус, Бепе Марота и Фабио Паратичи денес со приватен лет се упатиле во Мадрид, на завршни преговори со „кралскиот“ клуб.

Роналдо веќе има договор со „бјанконерите“ за четиригодишна соработка „тежок“ 120 милиони евра и најавите се дека уште во сабота може да пристигне во Торино.