Актуелно

Димитров: Со договорот ќе дојде крај на македонизмот, децата во Македонија ќе учат бугарска историја!

По посетата на премиерот Заев во Софија, каде со бугарскиот премиер Бојко Борисов најавија заедничка прослава на Илинден и потпишување на договор за добрососедство, Божидар Димитров, директорот на Бугарскиот Национален Историски Музеј, за бугарската емисија „Денот во живо“ вели дека дури и Заев признал оти македонскиот и бугарскиот се еден народ и дека поклонувањето на Заев пред Цар Самоил го потврдува тоа.

– Мислев дека нема да го доживеам тој ден кога ќе дојде еден македонски политичар од Скопје по изјавата пред еден месец и тоа беше господинот Зоран Заев кој кажа дека бугарскиот и македонскиот народ се едно исто. И сега ќе се потпише договор. Договорот има една клаузула на прв поглед неиспробана, но ако се исполни договорот прво да се потпише а потоа и да се исполни, како што велат некои мои пријатели, бидејќи има разлика помеѓу потпишување на договор и негово исполнување и тоа означува крај на македонизмот и навистина претворање на Македонија во втора бугарска држава, не така наеднаш туку постепено, вели Димитров.

На новинарско прашање: Но тоа никаде не го пишува во договорот, Димитров одговора:

Пред кражбите на историјата мила моја. Што ќе учат македонските деца? Кажи ми?

На новинарско прашање: „Како ќе гарантирате дека учебниците по историја ќе бидат почитувани, ќе бидат напишани така како што треба и тоа што вие го имате како ваша мечта навистина ќе се оствари?“, Димитров вели:

-Ако бидат напишани како што треба тие ќе учат бугарска историја. Ќе учат како до 44-та година, 1300 години како ги споделувале сите премрежија и победи на бугарскиот народ, порази и победи и како 1944-та биле принудени од една тоталитарна држава како комунистичка Југославија да станат, друг народ различен од бугарскиот. И по тоа поминаа многу години но сега ќе учат. За време на управување на премиерот Борисов и премиерот Зоран Заев е постигнат еден договор кој ги постави темелите на еден процес.

Запрашан како го коментира поклонувањето пред споменикот на Цар Самоил, Димитров додава:

-Погледнете како пишува таму Самоил Цар на Бугарија, македонски премиер доаѓа и положува венец на Самоил Цар на Бугарија. Тоа е како гарант дека ќе го потпише договорот на втори Август.

Advertisements
To Top