Home Актуелно ДИК ги отфрли кандидатските листи на СДПМ

ДИК ги отфрли кандидатските листи на СДПМ

Државната изборна комисија едногласно ги отфрли предложените кандидатски листи на Социјалдемократската партија (СДПМ) на Бранко Јаневски за сите изборни единици, поради неисправни документи.

ДИК при повторното разгледување утврдила дека скоро сите листи на СДПМ во шесте изборни единици има неправилности. Кај поголем број кандидати било откриено дека нема датум на изјавите за прифаќање на кандидатурите за пратеник, и оти не може да се види за кои избори се поднесуваат. Исто така, ДИК утврдила и дека потписите на изјавите за неосудуваност и за прифаќање на кандидатурата се различни.

На листите имаше кандидати кои се викаат Рада Шукуроска од Прилеп и Стево Продановски од Зелениково.

Силвана Бонева побара да не се расправа за секоја листа по изборни единици, бидејќи неправилностите се евидентни и предложи Комисијата да ги отфрли листите на СДПМ. Игор Милев, пак, побара да се разгледуваат листите на СДПМ по изборни единици.

Load More Related Articles
Load More In Актуелно

Напишете коментар

Check Also

КПХФВ: Уличниот стил во Копенхаген ја обликуваше и обои радоста

Вистина е дека, со целиот хип околу Париската недела на висока мода, Копенхаген можеби ост…