Home Актуелно ДИК ги одби сите приговори за првиот круг од локалните избори

ДИК ги одби сите приговори за првиот круг од локалните избори

Државната изборна комисија (ДИК) ги одби сите поднесени приговори поднесени за првиот круг од Локалните избори што се одржаа во неделата.

Портпаролот на ДИК Љупка Гугучевска изјави дека седницата завршила утрово и оти се одбиени сите приговори.

До ДИК беа поднесени вкупно 46 приговори од кои 43 имаше поднесено ВМРО-ДПМНЕ, но пред почетокот на вчерашната седница беа повлечени три и еден во текот на седницата. По еден приговор поднесоа и ТМРО, Алијансата на Албанците и Левица.

Против одлуката на ДИК може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението, а Управниот суд, пак, по приемот на жалбата, должен е да донесе одлука во рок од 48 часа.

Вториот круг на локалните избори ќе се одржи на 29 октомври.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…