Home Спорт Дибиров: Јас сум Македонец и горд сум на тоа, Македонија е земјата во која сакам да живем и во иднина (ВИДЕО)

Дибиров: Јас сум Македонец и горд сум на тоа, Македонија е земјата во која сакам да живем и во иднина (ВИДЕО)

Рускиот репрезентативец и член на Вардар Тимур Дибиров беше гостин во емисијата „Улица Македонија“.

Финансиските проблеми во Вардар секогаш се интересни за медиумите, па така и овој пат Дибиров доби прашање за ситуацијата во таборот на „црвено-црните“.

„Шпекулациите за некакво пропаѓање на Вардар не ги разбирам. Во Вардар се е супер, платата е редовна и функционираме одлично. Мислите ли дека јас Чупиќ, Карачиќ, Боразан играме без пари“.

Дибиров потенцираше и дека се чуствува како Македонец и дека неговите деца се Македонци.

„Јас и официјално сум Македонец, а и моите деца се Македонци, ќерката е родена во Скопје. Горд сум на тоа, не ми треба пасош само за да играм за репрезентацијата, туку и за Македонија да биде земјата во која ќе живеам во иднина“, порача Дибиров.

Во продолжение можете да го погледнете целото интервју на Дибиров.

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…