Home Актуелно Убава вест: Јабланица ќе биде прогласена за национален парк

Убава вест: Јабланица ќе биде прогласена за национален парк

На иницијатива на месните заедници од територијата на планината Јабланица, на 116. седница беше прифатен предлогот за прогласување на Јабланица за национален парк.

Иницијативата е од месните заедници на подрачјето на планината Јабланица, како и од невладиниот сектор, а е прифатена и од градоначалниците на општините Струга и Вевчани.

Првиот чекор е изработка на студија за валоризација или ревалоризација на природните вредности на Јабланица. По изработка на студијата, постапката за прогласување на Јабланица за заштитено подрачје ќе ја почне Министерството за животна средина и просторно планирање. Со тоа ќе се зголеми процентот на заштитените подрачја на национално ниво, со што ќе се исполнат и барањата на националната легислатива за заштита на природата, како и меѓународните обврски во согласност со ратификуваните конвенции и ЕУ-директивите за живеалишта и видови.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…