Home Спорт Џудистката Арбреша Реџепи го заврши настапот на Олимпијадата во Токио

Џудистката Арбреша Реџепи го заврши настапот на Олимпијадата во Токио

Македонската џудистка Арбреша Реџепи во првата борба на нејзиното деби на Олимпијадата во Токио го заврши настапот на игрите.

Реџепи издржа само една минута во своето деби на Олимписките игри. Таа утринава во категоријата до 52 килограми загуби (11:0) од Челси Џил од Велика Британија со ипон во првата рунда.

Од осумте македонски натпреварувачи на Олимпијадата во Токио, своите настапи покрај Реџепи ги завршија уште и Борјан Бранковски кој вчера се пласираше на 21. место во квалификациите во стрелаштво – воздушен пиштол 10 метри, како и пливачот Филип Деркоски кој го исплива своето најдобро лично време, но заврши на последното место во квалификациите на 400 метри слободно.

Следен Македонец кој ќе се појави на борилиштата во Токио е Георгиевски Дејан, (таеквондо) во категоријата +80 кгр. Неговиот настап е предвиден за 27 јули.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…