Џони Деп исклучен од франшизата „Пирати од Карибите“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Холивудската легенда Џони Деп нема да се појави во улогата на капетанот Џек Спероу во продолженијата од филмската франшиза „Пирати од Карибите“ („Pirates of The Caribbean“), пренесува Daily Mail.

Деп беше симбол на оваа франшиза појавувајќи се во улогата на пираткиот капетан Спероу во претходните пет продолженија на овој авантуристички хит на „Disney“ снимени во изминатите 15 години, а дека продолжението со наслов „Dead Men Tell No Tales“ му беше последно потврди и еден од сценаристите, Стјуарт Бити. Тоа, воедно, беше и најуспешното продолжение од франшизата.

„Тој го направи ликот на Спероу свој и очигледно истиот стана негова најпрепознатлива улога. Децата ширум светот го обожаваат, па мислам дека тоа беше одлично и за него и за нас“, изјави Бити и потврди дека, сепак, Деп веќе нема да биде пират.

„Мислам дека Џек Спероу ќе биде негово наследство, негова оставштина, по тоа ќе го паметиме“, додава Бити. Иако Стјуарт беше креатор на ликовите од „Пиратите од Карибите“, од „Disney“ уште официјално го немаат викнато да работи на продолжението кое го спремаат без Деп. „Би сакал пак да го работам тоа, би било супер. Би сакал да бидам вклучен во проектот“, вели тој.

Инаку, Џони Деп во последно време се носи со голем број приватни проблеми, но и финансиски потешкотии. Неговите обожаватели и пријателите се загрижени дека сето тоа се одрази и врз неговото здравје, бидејќи 54-годишниот актер е премногу слаб на некои од неговите последни фотографии.