Home Шоубизнис Џиџи Хадид ја реметат поради пазувите на видеото за календарот на списанието LOVE

Џиџи Хадид ја реметат поради пазувите на видеото за календарот на списанието LOVE

Славната манекенка и модел Џиџи Хадид се придружи во годишното одбројување на британското списание LOVE, во рамки на нивниот календарски видео проект #LOVEADVENT2017, со што кај некои предизвика воодушевување, но кај некои револт и критики.

Поради својот природен изглед и „несредените“ пазуви, Џиџи се најде на удар на критики од страна на некои медиуми и дел од јавноста.

џиџи

Во новото видео за LOVE таа ги покажува своите импресивни боречки вештини во спортска комбинација. Сепак, јавноста повеќе се заинтригира од нејзините небричени пазуви, за што се појавија поделени мислења.

Според изјава на личност блиска до манекенката, славната убавица немала несредени пазуви, туку тоа се влакна од јакната која ја носела на сетот, а кои се залепиле за неа.

џиџи

Сепак, видеото стана вирално токму поради коментарите, а на социјалните мрежи беше иницирана вистинска дебата за овој не така битен и значаен момент.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Емили Ратајковски и Кејт Мидлтон во трендовски стил со тексас

Ако барате есенски тренд во тексас кој е одобрен од славни личности и богати мајки како Ем…