Џастин Бибер парализиран на десната половина од лицето (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Десната страна од лицето на 28-годишната поп ѕвезда Џастин Бибер е парализирана како последица од синдромот Рамзи Хант. Рамзи Хант синдромот е компликација на херпес зостер што може да доведе до привремена парализа на лицето и губење на слухот, но може да стане и трајно.

Џастин Бибер во петокот на својот Инстаграм објави видео во кое ги покажа разорните ефекти од неговата дијагноза. Десното око на Џастин не можеше да трепне, а десната страна од лицето воопшто не се мрдаше. Тој исплашен сподели дека не може да јаде и ги замоли фановите да се молат за него:

„Очигледно како што веројатно можете да видите со моето лице. Го имам овој синдром наречен Рамзи Хант синдром и токму од овој вирус ги напаѓа нервите на моето уво и фацијалните нерви и предизвика парализа на моето лице. Прогресивно станува потешко да се јаде што беше крајно фрустрирачко, молете се за мене“.

За жал уметникот мораше да ги одложи следните настапи од неговата светска турнеја „Justice World“.

„Не ми се верува дека го кажувам ова. Направив сè за да се подобрам, но мојата болест се влошува. Срцето ми се кине што ќе морам да ги одложам следните настапи. Имам целосна парализа на едната страна. Така што за оние кои се фрустрирани што се откажуваат следните настапи, јас едноставно физички не сум способен да ги направам. Ова е прилично сериозно како што можете да видите.“

Според некои истражувања, ако се даде антивирусен третман во рок од 72 часа од развивањето на симптомите, приближно 70 проценти од луѓето ќе доживеат практично целосно закрепнување и ако оштетувањето на нервот е благо, тогаш закрепнувањето треба да се случи во рок од неколку недели.

Џастин вели дека прави се што може, вклучително и одмарање, за да го реши проблемот, но беше искрен дека не знае колку време ќе му треба до закрепнување: „Едноставно е време, не знаеме колку време ќе биде, но ќе биде во ред. Се надевам и имам доверба во Бога и верувам дека сето тоа е со причина. Не сум сигурен што е тоа во моментов, но во меѓувреме ќе се одморам и ве сакам момци“.