Home Вебкафе „Детска работа“: Ја хакирале Fortnite и сега печалат илјадници долари неделно

„Детска работа“: Ја хакирале Fortnite и сега печалат илјадници долари неделно

Fortnite моментално е најпопуларната видео игра во светот со која се „заразени“ милиони гејмерски фанатици, која на компанијата Epic Games им носи профит од стотици милиони долари, иако е бесплатна.

Но, она што засега не е познато е тоа дали компанијата знае дека преку хакирање на профилот на играта тинејџерите заработуваат илјадници долари неделно. BBC стапи во контакт со неколку хакери , кои ги крадат профилите на другите играчи и ги продаваат онлајн.

Иако играта е бесплатна, заработката доаѓа од продажбата на козметички додатоци. Само од нив, компанијата Epic Games има заработено над милијарда долари.

Хакираните Fortnite профили вредат и по неколку илјади евра, во зависност што содржат. пазарот е голем, бидејќи се проценува дека во целиот свет оваа игра секојдневно ја играат над 200 милиони корисници.

Најголемиот број хакери имаат околу 14 години, поради едноставниот начин за хакирање на туѓите кориснички профили.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…