Десет начини да си ја олесните вашата ДИЕТА


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Не е лесно да се држи диета, без разлика дали на тоа сте се одлучиле поради здравје, или желба линијата да ја донесете до совршенство. Овие совети ќе направат држењето на диетата да ви биде полесно, и што е уште поважно, делотворно.

1. Одржувајте рутина

Воведете вообичаено време за секој оброк и придржувајте се. Луѓето кои успеваат долгорочно да остварат идеална тежинаа имаат поуреден систем во внесувањето оброци. Не прескокнувајте, и не се лажете со грицки.

2. Бирајте здрави масти

Внесете масти од јаткасти плодови, риба или авокадо, а не од пржена храна.

3. Одете

Ако не сте расположени за сериозен престој во теретана, дури и одењето ќе ви ја забрза работата на срцето и ќе ви помогне килограмите да ги снема. Шетајте кога и да можете, експертите советуваат 10.000 чекори дневно, но тоа не е за сите ниту возможно, ниту пријатно, пронајдете свој ритам затоа и придржувајте се.

4. Грицкајте здраво

Подгответе си себеси нешто што ќе го закусите, и нека тоа бите јаткаст плод или овошје, а не чипс или слично. Подгответе се однапред за предизвици во кои би можеле малку да лажете, и да си обезбедите здравје со алтернативи.

5. Читајте ги етикетите

На сите куповни производи, внимателно читајте колку содржат масти, шеќер и соли, и обидете се да побарате производи кои повеќе ви одговараат на вашиот режим на исхрана.

6. Правилото „чаша вода, пет минути“

Контролата на порцијата е нешто за што се зборува веќе со децении, но кога веќе сте седнале на маса, постои уште една работа која треба да ја направите. Кога мислите дека сте сити, но би сакале репете, испијте часа вода и почекајте пет минути. Потоа, ќе знаете, дали навистина сте гладни или „очите ви се поголеми од стомакот“.

7. Станете

Ако вашиот животен стил ве врзува за долго седење, знајте дека мора да правите пауза за да напредувате во стремежот кон идеална тежина. Ако седнете зад компјутелот, правете пауза на секои половина час, станете прошетајте низ просторијата. Не морате секоја пауза да ја користите за некоја поголема активност, на организмот ќе му биде доволно благотворно и тоа што само не седи.

8. Пијте вода

Благотворна е, корисна кога се слабее, важно е дека сте хидрирани поради кожата, енергијата. Не мораме да продолжиме, само вие пијте вода.

9. Уживајте во храната

Да, уживајте. Немојте да јадете на брзање, туку одвојте време колку ви е потребно, отргнете се од евентуални фактори кои би ви пречеле, оставете го мобилниот телефон и пријатно. Ќе се јавите полека, и знајте дека организмот брзо достигнува чувство на ситост кога не е деконцентриран со надворешни фактори.

10. Зелечнук, зеленчук, зеленчук

Нутриционистите советуваат пет порции зелечнук дневно, бидејќи има висока хранливост, а ниска енергетска вредност. Иако порано се зборуваше само за свежо, сега е дозволено некоја од овие порции да биде заснована и на замрзнато, или зеленчук од конзерва.