Дербито и припадна на Шпанија: Србија немаше решение за расположените Шпанци!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на Шпанија ја победија фаворизираната репрезентација на Србија и како првопласирани од групата Ј влегуваат во четвртфиналето, пишува Спортски.мк.

Дербито на групата Ј кое ќе го одлучи понатамошниот тек на Мундијалот им припадна на Шпанците, кои во текот на целиот меч беа подобри од Србија.

Првата четвртина им припадна на Србите кои на Шпанците им дозволија да постигнат само 13 коша и се здобија од предност од седум поени (13:20).

Втората четвртина беше првата катастрофална за Србија во која и дозволи на Шпанија да направи разлика. Шпанците успеаја да постигнат 32 поени и на полувреме да заминат со предност од осум поени (43-35).

Икусниот Серхио Скариоло не дозволи да испушти таква предност, па неговите избраници во второто полувреме рутински ја одржуваа предноста за на крајот да победат со 81:69.

Рубио со 19 и Клавер со 14 поени беа први стрелци кај Шпанија, додека кај Србија единствена светла точка беше Богдановиќ со 26 поени.