Home Актуелно Денес променливо време со облаци и повремени врнежи од дожд

Денес променливо време со облаци и повремени врнежи од дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде умерено до значително облачно со локални врнежи од дожд и значително посвежо на северот и на западот од земјата. На места ќе биде нестабилно со пообилен и пороен дожд, засилен ветер и појава на ретки грмежи. На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег.

Дневните температури ќе се достигнат во Скопје 12 Целзиусови степени, Маврово 5, Охрид 12, Битола 15, Крива Паланка 11, Берово 12, Кавадарци 17, Дојран 19.

Прогнозата за утре е променливо облачно со сончеви периоди. На планините на северозапад од ноќта и изутрина со појава на слаб снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер. Дневните температури ќе се движат од 6 до 18 Целзиусови степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…