Home Актуелно Денес облаци и пороен дожд

Денес облаци и пороен дожд

Денес ќе имаме променливо облачно и нестабилно време, со појава на локален пороен дожд и грмежи, особено претпладне.

Ќе дува умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 20 до 29 степени.

Во Скопје, претпладне променливо облачно со повремен дожд и ретки грмежи. Попладне облачноста ќе се намали и ќе дува умерен северен втер. Т.мин.16, Тмакс. 25 степени.

Во следните денови времето ќе биде променливо и посвежо со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат проследени со грмежи. Пообилни врнежи се очекуваат во вторник.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…