Денес гласаат изнемоштените и болните


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес, 14 јули, втор ден од гласањето за предвремените парламентарни избори, своето право на глас ќе можат да го остварат затворениците, лицата во домашен притвор, внатрешно раселените лица, како и болните и немоќните лица.

Правото на глас денеска ќе можат да го остварат 8.855 болни и немоќни лица, чии што пријави биле прифатени од вкупно 9.491 пријави што пристигнале до ДИК. во текот на денешниот ден ќе гласаат и 1.657 затвореници во 13 казнено-поправни установи низ земјава, како и 357 стари лица сместени во 17 старски домови.

Државната изборна комисија го отфрла шпекулациите дека имало броење на гласовите од вчера. Откако во јавноста и на социјалните медиуми вчера се појавија наводните резултати од гласањето на заразените со Ковид-19 и оние во изолација, од ДИК стигна демант и апел до граѓаните да не наседнуваат на тие објави на социјалните мрежи.

„И јас видов некои такви објави на социјалните мрежи. Гласачките ливчиња и од вчера и од денеска се затворени во плико и во кутии, и истите ќе бидат отворени по завршувањето на гласањето во среда по 21 часот“, рече портпаролот на ДИК, Адмир Шабани.

– Реклама –

Вчера под посебни протоколи гласаа 723 граѓани заразени со КОВИД-19 или во изолација. Денеска ќе се гласаат затворениците, раселените, болни и изнемоштени. Право на глас на предвремените парламентарни избори имаат 1.814.263 гласачи запишани во Избирачкиот список. Гласањето утре ќе трае до 21 часот.