Ден на основачите во организација на Фондот за иновации


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фондот за иновации и технолошки развој денеска организира Ден на основачи (Founders Day) на кој ќе бидат претставени успешни бизнис приказни на три македонски стартапи, поддржани од Фондот.

Претставници на стартапите Гордиан Системи, ВапоурАппс  и Кликон во контакт канцеларијата на Фондот ќе одговораат на прашања за стартување стартап компанија, обезбедување финансии и за водењето бизнис во Македонија.

Од Фондот за иновации информираат дека ќе се одговара на прашања како се почнува и води бизнис во Македонија, како и каде да се бара финансирање на идеја за бизнис и како да се реализира.

Ќе бидат понудени и иноформации како  да се подготви проект за отворениот јавен повик за финансирање на  Фондот за иновации и технолошки развој.

Настанот е составен дел од Европската стартап недела, кон која се приклучи Скопје, заедно со уште 220 градови од 40 држави.