Home Шоубизнис Демократскиот претседателски кандидат си ја „ќари“ славната холивудска актерка

Демократскиот претседателски кандидат си ја „ќари“ славната холивудска актерка

Славната и атрактивна холивудска актерка, 39-годишната Росарио Досон, потврди дека е во љубовна врска со Кори Букер, сенатор од редот на Демократите и претседателски кандидат за 2020 година.

Досон за Букер вели дека е прекрасно човечко суштество, кому бескрајно му се восхитува. Претходно сенаторот на новинарите им изјави дека е во врска „со една посебна личност”.

На прашањето како им се развива врската со претседателскиот кандидат за изборите во 2020 година, Досон изјави дека им е прекрасно.

„Убаво е кога заедно го минуваме времето, иако и двајцата сме многу зафатени со работата. Прекрасно е да се биде со некого кого го почитувате, сакате и му се восхитувате, со човеко кој е мил и внимателен“, вели актерката.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …