Дедо Џегер чести – божиќен подарок од 1,9 милиони долари за 44 години помладата девојка


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лидерот на култните Ролинг Стоунс, мега-популарниот музичар Мик Џегер, неодамна купил вила јужно од Тампа, во американската држава Флорида, како божиќен подарок за неговата девојка, балерината Мелани Хамрик.

Вилата од 780 квадратни метри има четири спални соби и се наоѓа во близина на езерото во Лејквуд Ранч. Парцелата на која се наоѓа вилата зафаќа приближно една третина од вкупната површина на целото место.

Агенцијата за недвижнини што посредувала при купувањето наведува дека 77- годишниот Џегер ја купил вилата на крајот на октомври за 1,9 милиони доларина име својата 44 години помлада девојка Хамрик .

Агенцијата тврди дека парот никогаш не ја посетил вилата пред купувањето.