Поради мутирање на коронавирусот во Велика Британија – земјата во авиопревозничка изолација од страна на другите европски земји


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Илјадници патници заглавени на аеродромот Хитроу поради откажување на летовите кое го предизвика мутирањето на коронавирусот ја затекна Велика Британија. Европските земји се изолираат од Обединетото Кралство. На аеродромот е хаотично, патниците чекаат со часови и не знаат што да прават бидејќи секој момент се откажуваат.

„Дојдов тука како турист на 14 декември и сега сакав да заминам но ситуацијата е различна сега ситуацијата е тешка“

„Сметам дека треба да се отворат летовите за да стигнеме до сигурно до нашите семејства.“

Британскиот премиер Борис Џонсон за денеска свика кризна седница на владата, најавувајќи мерки за изолирање.

Македонија е една од европските земји кои забранија летови од Велика Британија. Комисијата за заразни болести предложи нова рестриктивна 14 дена самоизолација за сите граѓани кои во земјава со директни летови ќе дојдат од Велика Британија. Премиерот Зоран Заев вели дека оваа мутација на вирусот има поголем фактор на пренесливост од корона вирусот.

„Она што го имаме од Комисијата за заразни болести и го дисуктиравме утринава е дека новиот вирус не е нешто сериозен и смртонесен. Се работи за нешто што е согледано но се уште се анализира. А тоа што е согледано е дека има поголем фактор на преносливост односно повеќе се пренесува од тоа што беше преносливоста на Ковид 19.“, рече Заев.

Мутацијата на коронавирусот, како што велат британските служби, е до 70 проценти позаразна од досега познатата форма и се шири претежно во Лондон и во југоисточна Англија со огромна брзина. За овој регион властите воведоа карантин со ограничувања на движењето на граѓаните. Рестрикциите се заострени и во Велс и Шкотска.